Претпоследниот меч од ова викенд Премиер лигашко коло помеѓу екипите на Њукасл и Манчестер Јунајтед заврши со победа на домаќинот од конечни 2:0.
Њукасл реално, комплетно го надигра противникот на овој меч и заслужено победи, односно ги освои трите бода. Јунајтед не беше на потребното ниво, премногу грешеше во дефанзивата и тоа е главната причина што денес остана со празни раце.
Домаќинот имаше контрола на мечот во текот на сите деведесет минути, промаши грст шанси, но искористи две.
Вилок во 65. минута го начна противникот, а Вилсон ја запечати судбината на Јунајтед во 88. минута. Со 50 бода Њукасл е на третото место, пред Манчестер Јунајтед кој исто така има 50 бода.