“Кралевите“ гневни пред “Ел Класико“: Утре играме против Барса и против судиите! (ВИДЕО)

579

Утре со почеток од 21 часот на “Камп Ноу“ се игра реваншот од 1/2 финалето во Купот на Кралот меѓу Барселона и Реал Мадрид. Значи ќе имаме уште едно „Ел Класико“ во текот на оваа сезона. Барса е во предност зошто на првиот меч во Мадрид успеа да победи со 1:0.

Сепак во преден план е гневот на “кралевите“ откако дознаа кој им суди, па објавија видео со кое сакаат да покажат дека Хуан Мунуера, кој е главен судија и Хозе Луис Гонзалес кој ќе биде главен во ВАР собата, во минатото грешеле на штета на Реал Мадрид, а посебно се издвојува мечот од сезоната 2020/21 против Севилја, на кој според “кралевите“, токму судиските грешки биле виновни што тие во таа сезона не ја освоиле титулата.

Очигледно е дека веќе е започната “студената војна“ во пресрет на утрешниот реванш во 1/2 финалето во Купот на Кралот.

ПретходноМеси доби очајна понуда од ПСЖ!
СледноПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Битката за тронот без вистински фаворит!