Серхио Рамос после 16 години го напушта Реал Мадрид. Искусниот фудбалер во кралскиот тим дојде во 2005 година од редовите на Севиља за речиси 30 милиони евра, ова се покажа како еден од најдобрите трансфери на овој клуб.
Рамос беше стандарден во Реал Мадрид, се очекуваше кариерата да ја заврши токму во овој тим, но тоа нема да се случи. Раководството на “кралевите“ не ги исполни неговите барања, па тој како слободен играч ќе го напушти овој тим.
Иако се наоѓа на крајот на својата кариера, сепак за него не е проблем да најде нова средина. Веќе неколку звучни имиња се заинтересирани за него, а тој на почетокот на јули треба да ја донесе конечната одлука.
Sergio Ramos has given his priority to Paris Saint Germain. The discussions between both parties are active. Pochettino is pushing for his signing.[@Santi_J_FM]#PSG pic.twitter.com/EbqTHLXZnQ
— 3 At The Back (@3ATB_Football) June 25, 2021