Куп-1/2 финале: Сензација под Шара, “лавовите“ преку пенал – рулетот си закажаа финале со Струга ТЛ!

1243

Полуфинале за инфаркт попладнево во Тетово и победа на Македонија ЃП на гости кај Шкендија и тоа преку пенал – рулетот. Едноставно “лавовите“ се мајстори за пенали, така беше и денеска кога победија со 3:4 само ако се сметаат пеналите.

Инаку по тие 90.минути Шкендија и Македонија ЃП одиграа 1:1. Личина донесе водство за гостите во 12.минута, а Милев во 65.минута израмни.

Да кажеме дека пенал серијата ја одллучи Самаке кога го постигна победничкиот гол, погодија за “лавовите“ и Мишевски, Алексовски и Фазли, додека ка Шкендија погодија Милев, Шаља и Тотре.

Па така Македонија ЃП си закажа финале со Струга ТЛ, ова за нив ќе биде петто финале, ќе одат по третиот трофеј и се актуелни бранители.

Шкендија беше голем фаворит, но ете кога тетовци дозволија патникот во финалето да се решава на пеналите, се случува и ова.

ПретходноКуп-1/2 финале: Струга ТЛ го „скрши“ Силекс за испишување на клупската историја!
СледноФеникс 2010 и МЗТ Скопје ќе играат за болниот Никола Ѓорѓиев!