Ново победничко селфи: Оваа Струга ТЛ не се шегува, сега во атак на двојната круна!

350

Па, редно беше. Во 2020 Струта ТЛ беше во полуфиналето на Купот, но завршницата поради ковидот не се одигра. Во 2021 во полуфиналето беше сопрена од Силекс, лани беше сопрената исто во полуфиналето од Македонија ЃП и пак на домашен терен, но ете, денеска конечно сонот се оствари.

May be an image of 2 people and people standing

Струга ТЛ откако го победи Силекс со 1:0, успеа да се избори за историски пласман во големото финале во Купот на Македонија.

Значи стружани ги делат само 90 минути од освојувањето на првиот трофеј во својата историја која трае само 8 години.

Просто е неверојатно да еден клуб кој основан во 2015 година, сезонава е пред освојување на двојната круна. Да потсетиме дека стружани по 25.коло во шампионтатот имаа 5 бодови предност пред Шкедија и седум пред Шкупи.

May be an image of text that says 'ффm Kyn WE ARE N THE FINAL F.C.STRUGA 20 15 TRIM & LUM #FORCASTRUGA #FORCA #WEARESTRUGA'

Каква ли само перфектна сезона ќе биде ако тимот од Струга успее да ги зграпчи двете титули?

Можеме да препоставиме како ли ќе се слави во градот покрај еезерото.

Инаку големото финале се игра на 20 мај (сабота) а ривал на Струга ТЛ ќе биде тимот на Македонија ЃП.

ПретходноНов „системски допинг“ во атлетиката: Лекари вмешани во допинг на кениските атлетичари?
СледноРајковиќ и неговите “армејци“ без проблем до полуфиналето од плеј-офот во ВТБ лигата!