Македонија ќе има два претставника во полуфиналето од регионалното ВТБ лига натпреварување. По пласманот на ЦСКА Москва и нејзиниот тренер Емил Рајковиќ вчера, денеска по неговите стапки тргна и Ненад Димитријевиќ со неговиот тим Уникс Казањ.
Попладнево Уникс гостуваше кај тимот на Парма, и го доби лесно овој дуел со конечни 52-73 и финални 3:0 во серијата. Нено за 25 минути игра постигна 12 поени, а имаше и 6 асистенции и еден офанзивен скок.
Па така, сега Нено и Уникс ја чекаат разрешницата од дуелот Зенит – МБА Москва, каде резултатот по првите две средби е израмнет (1-1).