Мали „искри“ и убедлива победа на Пелистер во дербито со ТФТ!

231

Пелистер го доби дерби дуелот со против ТФТ, го совлада на домашен терен со убедливи 92-69  во меч од 21 коло во Првата лига и воедно му се реваншираше за поразот во првиот дел. Битолчани на овој начин дојдоа до четвртата победа во низа, која им донесе зацврстување на второто место на табелата.

Хаџифејзовиќ имаше 21 поени 8 скока, Стајиќ беше стрелец на 17 поени, еден помалку имаше Силаџи. На другата страна Костоски имаше 17 поени.

Избраниците на Марјан Илиевски отпорот на скопскиот состав го урнаа во третата четвртина. Во првиот период водството се менуваше по што домаќинот со серија од 14-0 на стартот на втората четвртина зголеми на 30-18. ТФТ не се откажа на одморот намали на четири коша разлика (44-40). Последниот обид за кам-бек на мечот гостите го направија на средината на следниот период, со девет коша во низа поведоа со 51-52 и тука застанаа.

Битолчани на стартот на последната четвртина имаа плус 13 (70-57), а потоа без проблем го зголемуваа водството. На шест минути до крајот при 77-62 „летнаа“ искри на теренот, но целата ситуација за брзо време се смири.

Гостите не најдоа начин како да се вратат на оваа средба, на крајот мораа да се помират со поразот

ПретходноКајл Вокер заврши со Сити
СледноЛацио го победи Јувентус, гостите негодуваат за голот на Милинковиќ-Савиќ (видео)