ЛШ: Битка на титаните на „Етихад“, Бенфика подготвена за нов чекор кон историја

138

Манчестер Сити вечерва го пречекува Баерн Минхен во првиот натпревар од најинтересната четвртфинална двојка во Лигата на шампионите. Двата тима не се сретнале од далечната 2014 година кога разменија по една победа во групната фаза на турнирот, а последниот меѓусебен натпревар заврши 3:2 за Англичаните, кога тренер на баварскиот гигант беше Пеп Гвардиола.

И двата тима не ги кријат амбициите за освојување на Лигата на шампионите, па денеска се очекува и двата тима максимално мотивирано да му пристапат на дуелот. Гвардиола се уште го брка трофејот во Лигата на шампионите со Манчестер Сити и ќе направи се против својот поранешен тим да дојде до добар резултат во првиот дуел.

Пеп и Сити во последно време тргнаа во брутална форма со 8 последователни победи во сите натпреварувања. За денешниот меч, Гвардиола нема да може да смета на Фил Фоден, кој се уште се опоравува од операцијата на слепото црево, додека кај Баерн (М), новиот менаџер Тухел ќе мора да се потруди многу за да ја оправда довербата на раководството на Баварците.

Тухел има убави спомени од пресметката во Лигата на шампионите со „граѓаните“ на Гвардиола, откако неговиот претходен тим Челзи ги победи ссо 1-0 во финалето на турнирот 2021. Новиот шеф на Баерн ќе биде без повредениот Ерик Максим Чупо-Мотинг, а Мануел Ноер и Лука Ернандез и натаму се на рехабилитација.

МОЖНИ СОСТАВИ:

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон; Аканџи, Рубен Диаз, Аке; Стоунс, Родри, Бернардо Силва, Де Бруине, Гундоан, Грилиш; Халанд

БАЕРН (М): Зомер; Павар, Де Лихт, Упамекано, Дејвис; Горецка, Кимих, Сане, Мусиала, Коман; Милер


Во вториот меч ќе се сретнат Бенфика и Интер на „Луз“ во Лисабон. Домаќините дефинитивно се меѓу најпријатните изненадувања во ова издание на турнирот. Португалскиот гигант во осминафиналето немаше проблеми со белгискиот шампион Бриж, додека Интер, кој исто така може да биде многу задоволен што стигна до оваа фаза од натпреварувањето, во осминафиналето веќе елиминираа еден португалски претставни, екипата на Порто.

Тренерот на Бенфика, Роџер Шмит, ќе биде без повредените Јулијан Дракслер, Гонзало Гуедес и Михаило Ристиќ, како и без суспендираниот капитен Николас Отаменди. Од друга страна, повредените Милан Шкриниар и Хакан Чалханолу нема да му бидат на располагање на тренерот на Интер. Големата дилема е кој да биде партнер во нападот со голгетерот на тимот Лаутаро Мартинез, Един Џеко или Ромелу Лукаку.

МОЖНИ СОСТАВИ:

БЕНФИКА: Влаходимос; Жилберто, Силва, Верисимо, Грималдо; Луис, Чикињо; Марио, Силва, Орснес; Рамос

ИНТЕР: Онана; Д’Амброзио, Де Врaј, Бастони; Дармиан, Барела, Брозовиќ, Мхитарјан, Димарко; Мартинез, Џеко

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Миркуловски ќе го води Вецлар до крајот на сезоната
СледноЧурлинов и Барнли сакаат да станат рекордери по бројот на освоени бодови во една сезона!