АБА-лигата полека го доби целосниот изглед, денеска ќе бидат познати многу дилеми, а едната е важна за МЗТ Скопје. Актуелниот македонски првак во последните три кола се издигна како никогаш до сега, успеа да ја фати последната сламка за спас, но сепак и покрај победата над Цибона во последната рунда зависи од Будуќност.
Дали во втората АБА-лига ќе игра МЗТ Скопје или пак Борац Чачак ќе биде познато вечерва. На македонскиот тим му е потребна победа на Будуќност против клубот кој во последните три кола не престана да плаче и да се жали што МЗТ Скопје победа, а многу малку гледа во сопствениот двор.
Имаше шанса Борац, од претпоследното коло па до вчера постојано плаче дека шампионатот не е регуларен.
Мечот меѓу Будуќност и Борац е закажан со почеток во 19 часот.