Сампаоли веднаш си најде нова работа, седна на клупата на Фламенго

183

Хорхе Сампаоли кој пред извесно време беше отпуштен од Севиља е новиот тренер на бразилски Фламенго. Аргентинскиот стручњак доаѓа на местото на Португалецот Витор Переира, кој доби отказ по сензационалниот пораз од Маринга со 2-0 во Купот на Бразил.

Договорот на Сампаоли со Фламенго е до крајот на 2024 година. Аргентинецот има искуство во бразилската Серија А каде ги водеше Сантос и Атлетико МГ.

Викендов започнува новата сезона во Бразил, а првиот натпревар на Фламенго е на домашен терен со Коритиба.

Претходно„Гардијан“: Челзи почна преговори со Рубен Аморим од Спортинг (Л)
СледноЕ. Пелистер лесно го доби „братското дерби“ во Битола