Инзаги на состанок кој траел долго во ноќта – Интер му постави ултиматум!

696

Интер е на чекор од полуфиналето во Лигата на шампионите бидејќи има 2:0 против Бенфика од Лисабон, а во среда навечер сака да го потврди пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

За разлика од Лигата на шампиони, резултатите на Симоне Инзаги во Серија А не му одат во прилог, најблаго кажано, тие се страшни. Верувале или не, Интер има само еден бод од можни 15 во последните пет натпревари, загуби три по ред на домашен терен.

Вчерашниот пораз од Монца беше капката што ја прели чашата, па неколку часа подоцна Инзаги разговарал со челниците на клубот, а тие на крајот му поставиле ултиматум.

„Calciomercato.com“ известува дека голем број директори на Интер имале долга средба со Инзаги по поразот во Монца, со членови на управниот одбор, главна тема бил секако поразот од Монца и ситуацијата во тимот, како и клучниот дуел од Лигата на шампионите со Бенфика. Инзаги го напуштил стадионот веднаш по полноќ.

Планот е да се продолжи со Инзаги, и покрај фрустрациите на навивачите, но неговата иднина е јасно поврзана со вториот натпревар против Бенфика и обезбедувањето на топ-четирите во Серија А, ултиматум што Интер јасно го поставил.

Интер сега е петти и би останал без Лигата на шампионите, очигледно, доколку не го освои ова силно натпреварување. Треба да се има предвид дека овој тим има шанса и во Купот бидејќи се во полуфиналето. Во првиот натпревар одиграа 1:1 со Јувентус во Торино и пред реваншот имаат многу добар резултат.

Сепак, на Инзаги може да му судат очајни натпревари во првенството и негативни резултати, но во секој случај тој ќе остане тренер до крајот на сезоната, а потоа ќе се знае што и како понатаму. Од тоа ќе зависи дали Интер ќе биде меѓу четирите најдобри во лигата.

А доколку Интер загуби со 2:0 од Бенфика и биде елиминиран веќе во среда, тоа секако би значело крај на соработката со Инзаги.

ПретходноКарло Анчелоти: Покажавме енергија и добар ритам (ВИДЕО)
СледноУбедлив триумф за Ристовска и ЦСКА Москва!