Шпанецот Алекс Ринс е победник на трката за ГН на САД во Остин во рамките на мото ГП шампионатот. Возачот на Хонда го искористи падот на актуелниот италијански светски шампион Франческо Бањаја, кој водеше во првата половина од трката, за да го замени на лидерската позиција на крајот.
Местата на подиумот, покрај победникот Ринс, ги зазедоа возачот на тимот VR46, Италијанецот Лука Марини и поранешниот светски шампион во „кралската“ класа, Французинот Фабио Квартаро на Јамаха.
Следната трка во Мото ГП шампионатот се вози за две недели во Херез, Шпанија.