Хаос на фудбалски меч: Хулиганите испратија повеќе од 50 луѓе во болница (ВИДЕО)

2530

Дванаесет полицајци и 50 навивачи се повредени во судирите меѓу полицијата и ултрасите на Атлетико Национал во колумбискиот град Меделин, соопштија тамошните властите.

Околу 100 ултраси од клубот Атлетико Национал упаднаа на теренот во неделата попладне, фрлајќи метални бариери кон полицијата и лицата задолжени за безбедност.

Натпреварот од колумбиското првенство меѓу Атлетико Национал и Америка де Кали беше одложен по судирот.

Навивачите на Атлетико Национал од почетокот на годината го изразуваат своето незадоволство од поскапувањето на билетите и политиката на клубот со нереди. На неколку часа пред почетокот на натпреварот, управата на клубот соопшти дека ги прекинува попустите на билетите за оваа група навивачи.

ПретходноХорор: Жена му го пресекла грлото на српски ракометар!
СледноИсториски успех за македонскиот велосипедизам: Петрова освои подиум во Хрватска и завери билет на Светскиот Gran Fondo шампионат!