Каков меч на Олимпико пред 70.000 гледачи? Спектакл, фантастична Рома и пласман во полуфинале во Лигата на на Европа, каде што за ривал четата на Жозе Мурињо ќе го има Леверкузен. Вечерва во “вечниот град“, Рома го победи Феенорд,во реваншот од четвртфиналето со 4:1 и тоа по продолженијата.
Холанѓаните во Рим дојдоа со предност од 1:0, а во 60.минута Спинацола ја донесе Рома во водство од 1:0. Феенорд израмни со голот на Паиксао во 80.минута, и кога се чинеше дека се е готово, дека нема полуфинале за четата на Мурињо, Дибала со фантастичен гол во 89.минута носи водство од 2:1 и мечот го носи во продолженија.
А таму разиграната Рома со головите на Ел Шарави и Пелегрини успеа да победи со 4:1 за “експлозија“ на Олимпико.
Сепак не можеше без скандали, имено еден од помошниците на Мурињо удри противнички играч и за тоа доби исклучување.