Лапорта дошол во Љубљана да го моли Чеферин!

292

Престедателот на Барселона, Хуан Лапорта вчера пристигнал во Словенија со една цел – да се види со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин и да му објасни во „четири очи“ за аферата која ја дрма шпанскиот фудбал, а главната улога ја има токму каталонскиот гигант.

Станува збор за случајот „Негреира“, кој ја крена шпанската јавност на нозе, истоимениот потпреседател на судиската комисија откри дека примал мито од Барселона, поточно цели 7,5 милиони евра.

Поради ова е покрената постапка во Шпанија, се споменуваат драстични казни, а целата ситуација ја прати и УЕФА, па токму затоа Лапорта сакал да се види лично со првиот човек на УЕФА.

За престедателот на Барселона овој состанок е од важно значење, сака да биде сигурен дека УЕФА нема да превземе драконски казни и дека нема да бидат елиминирани од Европа, што пак би бил дополнителен удар за каталонскиот тим.

Неговата посета исто така е обид да создаде подобри односи со УЕФА, кои се видливо наурешни по обидат да се направи Супер-лигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ekipa SN (@ekipa_sn)

ПретходноПосебниот го прозва Антонио Касано (ВИДЕО)
СледноПлеј-оф: Дерби во Автокоманда, Вардар и Пелистер ќе се загреваат пред битката во Битола!