Абу го „откачи“ Мерсин, неговата цел е титулата со МЗТ Скопје!

499

Абдул-Малик Абу имал понуда да се пресели во редовите на Мерсин. Американецот кој во ноември дојде во МЗТ Скопје одолеал на понудата од турскиот второлигаш, предност им дал на „сино-белите“.

Искусниот центар одлично е примен од фановите и од соиграчите на тимот од Аеродром, па токму затоа неговата желба е една – сезоната да ја доигра во редовите на актуелниот македонски првак и истата да ја заврши со нов пехар.

Абу е еден од стандардните кошаркари во составот на МЗТ Скопје, за кратко време аклиматизира, а со својата борбеност ги освои срцата на навивачите.

МЗТ Скопје денеска (18:30 часот) на домашен терен го пречекува Пелистер во рамките на последното коло од Првата лига. Актуелниот првак без разлика на крајниот резултат од првата позиција ќе стартува во следната фаза.

ПретходноЕнур Тотре – Шкендија: Во Штип сакаме и шеста победа во серија!
СледноФиладелфија вечерва без Ембид на решавачкиот меч со Бруклин