Пет гола за 45 минути на „Енфилд“, Лестер и Евертон си ги заменија местата во опасната зона (видео)

137

Екипата на Ливерпул славеше со 3:2 над Нотингем Форест во 32. коло на Премиер лигата. Сите пет гола паднаа во второто полувреме. Само што почна вториот дел Диого Жота погоди, а три минути подоцна изедначи Нико Вилијамс.
Во наредната акција Ливерпул повторно дојде во водство преку Диого Жота, а „шумарите“ пак изедначија, но сега преку Гибс-Вајт во 67 минута.
Во 70 минута Мохамед Салах ја затресе мрежата на гостите и тој гол се покажа како победнички за 3:2.

Лестер конечно победи после девет меча без успех (осум порази и едно реми). На свој терен го совлада Вулверхемптон со 2:1 (Ихеначо и Кастањ ги постигнаа головите за „лисиците“, а Куња за гостите) и скокна на 17. место, првото над опасната зона. А неговото место сега го зазема Евертон кој одигра без голови на гостувањето кај Кристал Палас. И Лестер и Евертон имаат исто бодови, по 28, па до крајот ќе водат интересна борба за опстанок.

Фулам го совлада Лидс со 2:1, Брентфорд и Астон Вила ремизираа 1:1.

ПретходноПМФЛ: Шкендија го освои Штип и дојде на -3 до лидерот, прв пораз на Здравков како тренер на “сините“! (ВИДЕО)
СледноАртета пред дербито идната недела: Можеме да го победиме Манчестер Сити