Лазаров денеска прозива, еден ракометар отпадна!

1480

Македонската ракометна репрезентација денеска и официјално ќе означи старт на мини-подготовките за последната рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

Македонија е на второто место во својата група зад Португалија. Потврдата на билетот на континенталното натпреварување ќе ја бара против Луксембург на гости (26.04) и против Турција дома, меч кој е закажан за 30. април. На првите средби „црвено-жолтите“ славеа против двете репрезентации, двата порази ги запишаа против Португалија, фаворитот во групата.

Кирил Лазаров, предводникот на нашиот најдобар национален тим прозивката ја закажа во 16 часот во хотелот „Александар Палас“. На скратениот список на селекторот се најдоa 21. ракометар, еден од нив ќе испадне, а тоа е Костадин Петров од Алкалоид, кој се повреди на мечот против Охрид.

На денешната прозивка нема да се појават нашите „странци“, Филип Кузмановски и Никола Митревски, кои играат мечеви со своите клубови, најверојатно веќе утре ќе му бидат на располагање на Лазаров.

За разлика од дуелите со Португалија во составот треба да се вратат Филип Талески, Гоце Георгиевски и Жарко Пешевски. Талески откажа поради приватни причини, Пешевски беше ослободен откако пријави повреда, додека Гоце Георгиевски во договор со Лазаров ги прескона овие средби, а против Турција на домашен терен тој ќе се опрости од националниот дрес.

ПретходноПМФЛ: Шкупи по бодови во Кавадарци, битка за опстанок на Автокоманда, Силекс ги дочекува “лавовите“…
СледноВМФЛ: Супер – дерби во Охрид, Вардар на мегдан со лидерот, спектакл без гледачи и не е спектакл!