Интер со триумф кај Емполи: „Бум – Бум“ Лукаку, а и Лаутаро “тресеше“…. (ВИДЕО)

141

Интер покажа дека знаел да победува и во Серија А, а не само во Лигата на Шампионите каде го очекува полуфинале со градскиот ривал Милан.

Неро – аѕурите“ предмалку во меч од 31.коло во Серија А, успеаја како гости да слават со 0:3 кај Емполи и да освојат значајни три бода во битката за горниот дел на табелата.

Централна фигура на овој меч беше Ромелу Лукаку, кој беше стрелец на два гола.

Белгијанецот прво ја затресе мрежата на Емполи во 48.минута, за да во 76.минута со прекрасен гол успеа да ги постави тие 0:2 за тимот од Милано.

Сепак тука не беше се од Интер, се играше 89.минута кога Лукаку, за промена, асистираше а Лаутаро Мартинез “тресеше“ за конечни 0:3.

ПретходноЕргин Атаман е нов тренер на Панатинаикос
СледноЗенит го декласираше Уникс, Нено најдобар кај поразениот тим!