Њукасл со највисока победа над Тотенхем по декември 1996 година

119

Екипата на Њукасл го демолира Тотенхем со 6:1 во 32.коло на Премиер лигата и сериозно граби кон место во Лигата на шампионите. „Страчките“ уште на полувреме имаа високи 5:0, па јасно беше каде ќе завршат бодовите на овој меч.

По првите 10 минути Њукасл даде три гола, Џејкоб Марфи даде два гола, а Жоелинтон еден.

Само што почна вториот дел Хари Кејн намали, но Калум Вилсон во 67 минута ги постави конечните 6:1.

Ова е највисока победа на Њукасл над Тотенхем во Премиер лигата по декември 1996 година кога славеше со 7:1.

Њукасл е трет на табелата со 59 бода, а Тотенхем е на петтото место со 53 бода.

На другиот меч од 15 часот, Вест Хем славеше со 4:0 во гости кај Борнмут. Антонио, Пакета, Рајс и Форналс беа творци на оваа висока победа на „чеканите“.

ПретходноПолувреме: “Пандевци“ со предност на Автокоманда, водат и Работнички и Силекс
СледноМонца имаше два гола дефицит, па ја совлада Фиорентина