Монца имаше два гола дефицит, па ја совлада Фиорентина

77

Фантастичен кам-бек на екипата на Монца и победа над Фиорентина со 3:2 во 31.коло на Серија А. Монца губеше со 0:2 по само 13 минути, а „виолетовите“ комотното водство го обезбедија преку Куаме и Сапонара.

Сепак домашните направија пресврт. Во 26 минута намалија со автоголот на Бираги, а во 43 минута веќе имаа 2:2 со голот на Дани Мота.

Во 58 минута пенал за Монца. Амрабат направи прекршок за пенал, а Матео Песина успешно го реализира.

Монца со 11 победи е на 12. место на табелата, додека Фиорентина е две места погоре.

Удинезе за кој не играше Илија Несторовски со 3:0 го совлада Кремонезе. Самарџиќ, Перез и Суцес ги постигнаа головите во првото полувреме. Претходно Интер славеше кај Емполи со 3:0.

Од 18 часот играат Милан и Лече, а од 20:45 часот Јувентус-Наполи.

ПретходноЊукасл со највисока победа над Тотенхем по декември 1996 година
СледноУникатен потег – Форналс постигна „шкорпион гол“ за Вест Хем (видео)