Манчестер Сити се пласираше во финалето на ФА Купот откако го совлада второлигашот Шефилд Јунајтед со 3:0 во полуфиналниот натпревар на стадионот Вембли.
„Граѓаните“ стигнаа до своето 12-то финале, а досега шест пати го освои ФА Купот, последен пат во 2019 година. Сити оваа сезона ќе има шанса да освои тројна круна и тоа во Лигата на шампиони, Премиер-лига и ФА Купот.
На патот во ФА Купот на избраниците на Пеп Гвардиола им стои градскиот ривал, кој е единствениот кој успеал да ги обедини сите круни, тоа го направија генерацијата на Јунајтед од 1999 година.
Навивачите на Јунајтед се плашат дека нивните вечен ривал ќе го прослават овој успех, а на прашањето за тоа, Пеп Гвардиола на шега одговори: Не мора да се плашат, ние сме соседи! Соседите секогаш се добри еден со друг.
Потоа ја спушти топката на земја: „Се уште сме далеку од титулата, така што во овој момент не е на место да се зборува за тоа. За шест години колку што го водам Сити, загубивме во последната фаза на натпреварувањето, во финалето на Лигата на шампионите или во полуфиналето на ФА Купот. Но, горд сум на се што направивме јас и моите колеги. Се разбира, ја освоивме Премиер лигата. Во спротивно, веројатно ќе имаше друг менаџер овде Но, јас не сум глупав, знам како да го анализирам тимот и што треба да направиме за да бидеме на посакуваното ниво на крајот од сезоната“.