Неверојатни сцени во Турција: Стампедо од навивачи влета на теренот (ВИДЕО)

2707

Вистинско лудило настана по завршувањето на натпреварот од турската прва лига меѓу Самсунспор и Кечиоренгучу. Домашниот тим победи со 4:1 и по 11 години се врати во Супер лигата.

Ова беше доволно за да навивачите на домашниот тим приредат невидена прослава.

Се чекаше судијата да означи крај на мечот. Кога го стори тоа, настана целосен хаос. Стампедото тргна кон теренот, сите посакаа дрес, шорцеви, па дури и копачки од играчите кои од вчера се херои на клубот.

Многу играчи не доживуваат вакво навивачко лудило на теренот во текот на нивните кариери. Оваа сезона, сепак, ги заслужија сите пофалби и сета љубов бидејќи одиграа навистина феноменална сезона.

ПретходноГвардиола пред финалето со Јунајтед: Не мора да се плашат, ние сме добри соседи!
СледноПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Бадел 1862 на чекор до финале!