Рафаел Варан нема да биде подготвен да се врати на терен пред крајот на сезоната. Така велат информациите од Олд Трафорд, околу состојбата на дефанзивецот, кој се повреди на дуелот против Севиља во рамките од 1/4 финалето од ЛЕ.
Отокот на неговата нога спадна, и снимките покажуваат дека тој нема да може да се опорави во слените шест недели.
Тоа автоматски значи дека Манчестер Јунајтед ќе мора да ја доигра сезоната без еден од своите најдобри фудбалери.