Борко Ристовски заработи суспензија од четири години од страна на МОК. Првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски поднесе пријави против поранешниот репрезентативец поради изнесување на лаги и невистини во една ТВ емисија кои можат да се одразат врз МОК.
Ристовски има забрана на вршење на работа во олимпискиот спорт, а по повод оваа одлука има право на жалба во следните седум дена.
„Само човековата глупост е бесконечна. Не можам ништо да кажам во моментов, се што имам ќе го кажам на прес-конференција во следните денови на која сите ќе бидете поканети и сите работи ќе бидат појасни“, рече на кратко Ристовски.