Фрустрација: Еве како Роналдо врескаше по својот тренер! (ВИДЕО)

2490

И дефинитивно Кристијано Роналдо си има проблеми во Ал Наср, во Саудиска Арабија. Тој, односно неговиот тим, вчера во меч од полуфиналето на Купот на С. Арабија загуби од Ал Вехда со 0:1 и со тоа остана без трофеј сезонава. Очигледна беше фрустрацијата, гневот кај него. Па така на полувремето кога одеше накај клупата просто гневот го истури врз својот тренер Динко Јеличиќ, Хрватот кој по заминувањето на Руди Гарсија е привремено решение на клупата на Ал Наср.

И ако е од Роналдо, навистина е премногу.

Или пак вината за поразот и елиминацијата во Купот сака да ја префрли на друго место а не ја гледа кај себе зошто имаше идеална шанса за гол, но не успеа да ја искористи.

ПретходноРома „падна“ во Бергамо, им се заниша местото во ЛШ (видео)
СледноНеверојатниот Леброн, Батлер со 56 поени, Јанис пред елиминација! (ВИДЕО)