Мото ГП: Квартараро најбрз во Асен!

92

Фабио Квартараро, возачот на Јамаха успеа да победи на патеката во Асен во Мото ГП за ГН на Холандија. Францускиот мото возач уште еднаш покажа дека е во врвна форма оваа сезона и дека е прв кандидат за светската титула.

Второто место го освои неговиот клупски возач, Маверик Вињалес, додека трет беш актуелниот светски шампион Жоан Мир.

Валентино Роси, еден од најдобите во историјата на Мото ГП, не успеа да ја заврши трката, додека Марк Маркез имаше одлично возење. Стартуваше од 20-тата позиција, на крајот заврши како седми.

Во секој случај интересна трка на една од најспектакуларните патеки во Мото ГП.

ПретходноСе чека уште “виза“ од Советот на Општината па Пелистер ќе има нов газда!
СледноСерена Вилијамс се откажа од ЛОИ во Токио