Соиграч на Елмас подари две амбуланти, десетина илјади маски, медицинска опрема!

935

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, сограч на нашиот Елиф Елмас, уште еднаш покажа дека има големо срце, дека е голем човек. Имено тој деновиве е на одмор во својата земја, во Сенегал. А таму подари две амбуланти, десетина илјади маски и друга медицинска опрема. Тој тоа го направил во чест на својот 30-ти роденден кој го прослави пред неколку дена.

Како што може да се види од социјалните мрежи, Кулибали ужива на одморот во Африка, често се форогафира со деца, игра фудбал со нив, им дава подароци.

Инаку Кулибали од порано е познат како човек со големо срце и по својата дарежливост. Тој редовно им дава пари на луѓе на улица, кои се во неволја.

ПретходноИџе не ја заврши втората трка на “Валелунга“
СледноСтоле по пауза од пет години се враќа во Гранада?