Португалија се намачи против Турција, „деветка“ на Циндриќ во мрежата на Грција!

225

Во групата 1 во која се наоѓа и Македонија, Португалија остана на врвот со максимален учинок, но овој пат се намачи за да дојде до победата. На гостувањето кај Турција славеше со 35-37 во рамките на претпоследното квалификациско коло за пласман на ЕП 2024 година.

Мартинш Соарес со седум гола беше најдобар поединец кај Португалците, додека кај Турците Доне постигна еден помалку.

На останатите средби, Лука Циндриќ со девет гола ја предводеше Хрватска до триумфот против Грција од 26-31 во 5. коло групата 5. Со оваа победа „коцкестите“ веќе се пласираа на ЕП 2024 година.


Резултати: Грузија – Швајцарија 19-26 и Романија – Австрија 30-35.

ПретходноНестор ги израдува репрезентативците пред дуелот со Италија
СледноПораз на Македонија на турнирот во Италија