Манчестер Јунајтед со Бруно Фернандеш отпатува во Лондон за вечерашната пресметка против Тотенхем. Иако имаше стравувања дека клучниот играч од средниот ред може да пропушти остатокот од сезоната поради повреда, очигледно со него се е во најдобар ред.
Тен Хег ги ублажи стравовите за долгорочна пауза, изјавувајќи дека ногата на Бруно била имобилизирана само како мерка на претпазливост. Тој дури ќе биде во комбинација и за вечерашното дерби.