Супер – Макс, повторно. Холанѓанецот одново беше побрз од Луис Хамилтон, и тоа на денешната трка на “Ред Бул Ринг“ за ГН на Штириа или Штаерска во Австрија. Макс Верстапен стартуваше прв и во текот на целата трка го одржуваше водечкото место, речиси без никакви проблеми. Ова е уште една блескава победа на Верстапен со својот Ред Бул, и по оваа победа и дефинитивно се промовира како прв кандидат за титулата сезонава.
Овој триумф беше негов 14-ти во кариерата, четврти сезонава, сега бодовната разлика и тоа како се зголемува во генералниот поредок. Светскиот првак, Луис Хамилтон едноставно немаше шанси и на оваа трка.
Макс е доминантен, брилјантен, ита кон титулата. Ред Бул е најбрз сезонава, тука нема дилеми.
Трет на целта пристигна Валтер Ботас, клупскиот колега на Хамилтон од Мерцедес, а четврти пак беше Серхио Перез од Ред Бул.