Попладнево од 16 часот се играат сите осум мечеви од 27.коло во ВМФЛ. Како што се наближува крајот на првенството, станува се поинтересно, посебно во битката за првите две места на табелата кои водат директно во елитата.
Вардар е пред тежок испит, и гостува на Беласица, а овој меч се игра на стадионот “Кукуш“ во Турново. По ремито со Гостивар и пооразот од Воска, Вардар веќе нема избор, мора и денеска и на сите мечеви до крајот да оди на победа ако сака да ја задржи шансата за враќање во ПМФЛ.
Пелистер гостува кај Тетекс и се надева на уште некој кикс до крајот, како тој би се нашол на тоа трето место кое води во баражот.
Според амбициите, па ако сакате и квалитетот, лидерот Воска Спорт и вториот Гостивар не би требало да имаат проблеми попладнево на мечевите против Арсими и Охрид.
ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)
Тетекс – Пелистер
Беласица – Вардар
Слога (В) – Кожув
Воска Спорт – Арсими
Гостивар – Охрид
Беса – Детонит
Саса – Борец
Пехчево – Караорман
ТАБЕЛА: Воска Спорт 65, Гостивар 61, Вардар 59, Пелистер 53, Детонит 47, Беса 39, Охрид 37, Арсими 36, Беласица 35, Караорман 34, Кожув 30, Пехчево 24, Саса 21, Тетекс 19, Слога (В) 18, Борец 2…бодови