Еспаргаро тргнува од пол-позицијата на Шпанското ГП

70

Возачот на Априлија, Алеш Еспаргаро, ја освои пол-позицијата пред четвртата трка од сезоната во Мото ГП шампионатот. Викендов се вози Шпанското ГП, а постариот од браќата Еспаргаро стигна до пол-позицијата на патеката „Анхел Нието“ во Херез.

Ова е прва пол-позиција на Еспаргаро по минатогодишната трка во „Каталуња“. Најблиску до Шпанецот беше Џек Милер, кој ги брани боите на КТМ, а во првиотред со нив ќе биде и Хорхе Мартин на Прамак Дукати.

Спринт трката започнува денеска во 15 часот, а главната трка во исто време во недела.

ПретходноМакедонија на олимписки претквалификации во Талин или Гливице
СледноЛеклер ќе стартува прв и на денешниот спринт во Баку