Македонија на олимписки претквалификации во Талин или Гливице

123

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе биде дел од осумте европски селекции кои ќе играат во Талин или Гливице, на еден од трите предвидени турнири во европската зона на ФИБА. Во Талин, Гливице и Истанбул, вкупно 32. национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи (по осум учесници), согласно предвидениот план. Групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија, односно Полска (завршната во полскиот град), а групите „Ц“ и „Д“ во Турција.

Како осми носител, Македонија заедно со Португалија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четврттата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).

Турнирите ќе се играат во периодот од 12. до 20. август, а само победниците ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

ПретходноМиленкоски како вицешампион на Грција се враќа на клупата на Македонија
СледноЕспаргаро тргнува од пол-позицијата на Шпанското ГП