Финални понуди за Јунајтед: Шеикот Ал Тани понуди над 5 милијарди фунти!

216

Двајцата главни кандидати за купување на Манчестер Јунајтед, шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани и Сер Џим Ретклиф ги дадоа своите последни понуди до семејството Глејзерс. Според информациите на англиските медиуми, понудата на катарскиот фонд достигнала 5 милијарди фунти, а според некои извори ја надминала и оваа граница. Сепак, сè уште не се приближува до бараните 6 милијарди на Глејзер.

Шеикот Јасим, исто така, ветил дека ќе ги исплати сите долгови на клубот и ќе обезбеди средства за обнова на „Олд Трафорд“ и базата на клубот Карингтон, како и ветувања за значителни инвестиции за зајакнување на тимот на Ерик тен Хаг.

Набргу по понудата од Катар пристигна и онаа на Сер Џим Ретклиф кој побара нешто повеќе од 50% од клубот. Според неговиот предлог, Аврам и Џоел Глејзер ќе останат како малцински косопственици и ќе поседуваат 20%. Понуди пристигнаа и од американските финансиски гиганти Карлајл и Елиот, кои сепак побараа да станат носители на разни малцински акции.

ПретходноНема дилеми: Надал ќе игра на Ролан Гарос!
СледноБарса има план како да дојде до пари: Кеси, Торес и Ансу Фати одат на продажба!