Николај Јакобсен доби нов договор за соработка од страна на данската ракометна федерација. Тој ќе остане на кормилото на актуелниот светски првак до 2030 година, објави тамошната федерација.
„Имам фантастично талентирани играчи со кои можам да тренирам, а имам и навистина добар персонал со кој сум лудо среќен што работам. Затоа секој пат е забавно да се доаѓа на собирите со репрезентацијата секој пат“, вели тој.
Николај Јакобсен е национален селектор од 2017 година, а трипати по ред го освојуваше СП.
Раководството на Данската федерација воопшто не се двоумеле за да ја продолжат соработката.
„Резултатите под водство на Николај Јакобсен зборуваат сами за себе. Убеден сум дека ќе го води тимот со истата страст и професионализам по кои е претпознатлив“, велат од тамошната федерација.