Лориен го декласираше ПСЖ среде Париз, Мбапе го постигна најсмешниот гол во кариерата! (ВИДЕО)

590

Каков пораз на ѕвездениот ПСЖ и тоа дома, и тоа пред своите фанови, и најпосле, и тоа од Лориен, со 1:3.

Уште една брука за тимот на Мбапе, Меси и останатите, предводен од Криштоф Галтие.

Покрај овие 1:3, во преден план е и голот на Мбапе, единствениот за ПСЖ. Тоа е најверојатно најсмешниот во неговата кариера после глупоста што ја направи гостинскиот голман.

Лориен поведе во 15.минута со голот на Ле Фее, за да Мбапе во 29.минута израмни токму со тој гол.

Сепак во продолжение од мечот, Лориен со головите на Јонгва и Диенг дојде до конечни 1:3.

 

ПретходноПолувреме: Македонија – Турција (15-15)
СледноСпектакл на “Енфилд“: Ливерпул во 15.минута имаше 3:0, во 90+3. беше 3:3, а во 90.+5.минута 4:3 и пораз на Тотенхем! (ВИДЕО)