Гоце Георгиевски: Беше тешко, емотивно бев испразнет! Среќен сум што со победа се простив!

341

Гоце Георгиевски го одигра последниот танц во дресот на македонската репрезентација. После 16 години се одлучи да стави крај на репрезентативната кариера, а тоа го стори на најдобра можен начин, со победа на домашен терен и пласман на ЕП 2024 година.

По дуелот со Турција, Гоце призна дека чувствата биле измешани.

„Беше тешко, ма малку потешко. Некако бев емотивно испразнет, а во мислите ми беше само со победа да завршиме. Некако чувствував голем притисок, среќен сум што на крај излезе позитивно. Среќен сум што вака заврши и испадна, со победа да се простам“, рече Георгиевски и додаде: 

„Беше тежок меч, а очекувавме вакво нешто, зашто Турција е добра селекција, ја гледавме со Португалија и одигра добро. Ја бркавме таа негатива од почетокот на вториот дел и мислам дека последните 10 минути одигравме подобро во одбрана, во напад исто така, Митев даде доста важни голови. Среќен сум што завршивме со победа и што триумфално го заверивме овој пласман на ЕП“.

ПретходноФеникс 2010 без сили за изненадување: Пелистер тргна со победа во четвртфиналето
СледноЧаир направи уште еден чекор кон опстанок во елитата