Викендот тимот на Барселона одигра одличен меч на домашен терен против Бетис кој го доби со високи 4:0. Во колективно добрата партија секако учевстуваше и Џулс Кунде, кој по натпреварот доживеа неочекуван шок.
При враќањето во својот дом, тој дознал дека е ограбен, а криминалците однеле многу вредни предмети, како накит, пари, и облека. Секако, полицијата веднаш била информирана, но сторителите според медиумите во Шпанија сеуште не се фатени.
Ова не е прв случај на грабеж на фудбалер за време на натпревар, тактика која што многу често ја практикуваат криминалците во Англија врз играчите во Премиер лигата.