Искусниот Сем Алардајс го презема Лидс и тоа во најтежок момент за клубот. Тој треба да обезбеди опстанок, а има малку време (четири меча). Сепак „Биг Сем“ се смета себе си за способен тренер, дури и на нивото на Гвардиола, Клоп или Артета, а можеби и подобар.
„Многумина ме сметаат за стар, антички и тоа е многу далеку од вистината. Можеби имам 68 години, можеби изгледам старо, но на фудбалски план никој не е подобар од мене. Ни Пеп, ни Клоп, ни Артета. Сè е со мене.
Во однос на знаењето и неговата длабочина сум на нивно ниво. Ајде можеби не сум подобар, но дефинитивно сум на исто ниво.
Понекогаш едноставно сакате да можете да го докажете тоа, но тоа нема да се случи освен ако не го спасам Лидс и тие не почнат да градат тим кој е доволно добар за да се соочи со големите момци еден ден. Но, тоа е уште многу далеку“, рече Алардајс.
“Not Pep, not Klopp, not Arteta…” ❌
Sam Allardyce says there is no manager ahead of him in terms of football knowledge and experience.pic.twitter.com/hQoGJ4u20H
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 3, 2023