Георгиевски и Чолаковски се шампиони на Австралија

658

Македонските интернационалци Даниел Георгиевски и Стерфан Чолаковски со својот тим Мелбурн Сити синоќа и официјално ја освоија титулата во шампионатот на Австралија.

Мелбурн Сити во финалето беше подобар од тимот на Сиднеј со конечни 3:1 и на тој начин успеа да се закити со престижниот трофеј.

Двата наши интернационалци не беа во составот на овој меч, но секако дека легитимно се израдуваа на тројефот.

Георгиевски неодамна стана дел од овој клуб, и фактот што тој е дел од шампионот на Австралија, а е во зрели играчи години кажува доволно за неговите квалитети во моментов, а Чолаковски е иднината на клубот, а и на Македонската фудбалска репрезентација со оглед на фактот што тој јавно обелодени дека одбира да настапува за нашиот национален тим.

 

ПретходноНепоправлив: Роналдо повторно ја фрли, a сега и ја шутираше капитенската лента (ВИДЕО)
СледноПочина легендарната југословенска атлетичарка