Во првиот меч од денешната програма од 34.коло во Серија А, Јувентус како гостин среде Бергамо, успеа да слави со 0:2 и со тоа да освои големи и екстра значајни три бода во битката за пласман во ЛШ. Гостите од Торино беа подобри, имаа повеќе шанси за гол, првиот погодок беше дело на Линг Жуниор во 56.минута. А Влаховиќ во 90+8.минута стави точка на победата.
Да споменеме дека Аталанта можеше да дојде до израмнување во финишот на мечот, но ударот на Запакоста заврши во стативата на Шчесни.
Со оваа победа Јуве се наоѓа на 2.место на табелата во Серија А со 66 бодови, следува Лацио со 64, Интер со 63 и Милан со 61.