Синот на Буштур: Цел живот навивам за МЗТ, но сакам да победи Работнички поради татко ми!

156

ФОТО: КФСМ

Од оваа година Купот на Македонија го носи името на легендарниот Благоја Георгиевски-Буштур. Во СЦ „Кале“ дел од мечевите ги следи токму неговиот син, Бројан.

„Пред сè, сакам да ѝ се заблагодарам на КФСМ на ваквиот потег. Тој не е тука, но мислам дека и нему би му претставувала голема чест. Буштур го заслужи сево ова и сметам дека е ова е една од најдобрите работи кои се случиле во македонскиот спорт и во македонската држава воопшто“, изјави за официјалниот сајт на КФСМ Бројан.

Тој не крие дека цел живот навива за МЗТ Скопје, но денеска посакува победа на Работнички поради неговиот татко.

„Цел живот навивам за МЗТ Скопје, но бидејќи ова е прва година во која Купот го носи името ‘Благоја Георгиевски Буштур’, би сакал да победи Работнички, поради татко ми кој цела кариера ја помина таму. Знам дека Работнички беше неговиот живот и тој сигурно ќе навиваше за него“.

Борјан вели дека Буштур бил татко каков би посакало секое дете.

„Татко ми беше шампион во сè. Прекрасен родител, одличен тренер, прекрасна личност, човек каков би посакало секое дете. На личен план ќе го памтам по еден баскет во Никозија кога јас и тој ги победивме двајцата најдобри играчи од Кипар“.

ПретходноПМФЛ: Кој во Европа, кој во баражот? Вардар се простува од елитата!
СледноНови докази: Мекнил го плукнал Алиоски!? (видео)