Алегри одби да го коментира спорниот момент!

123

Севиља и Јувентус одиграа 1-1 во Торино на првиот полуфинален меч во Европската лига. Шпанскиот тим поведе со 1-0 во 26 минута, додека Гати во последните секунди од судиското продолжение донесе реми.

„Изборивме заслужено реми кое не остава во игра за реваншот. Моите момци имаа контрола на топката до погодокот, но истовремено правевме премногу греши во нападот. Ни дадоа гол бидејќи остававме голем празен простор“.

Алегри ја пофали Севиља потенцирајќи дека станува збор за искусен тим, кој го исфрли Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на ова натпреварување.

Рабио во завршницата на мечот бараше удар од белата точка, но судијата не го стори тоа, а Алегри одби да коментира.

„Нема да коментирам. Во текот на целата моја кариера никогаш не се расправав со судиите. Им честитам на моите момци што останаа смирени, неколку минути подоцна се вратија. Судијата е тој што проценува дали е пенал или не, не можеме да ја трошиме енергијата за тоа. Треба да молчиме и да се фокусираме на својата работа“.  

ПретходноБеше единствениот кој не гласаше за Јокиќ за МВП: Направив грешка, не размислував!
СледноМарсело Биелса има нова работа!