Навивач на Лидс влезе во терен и го нападна тренерот на Њукасл(ВИДЕО)

229

На тимот на Лидс не му оди сезонава и можно е да испадне од Премиер лигата. Денеска имаше клучен меч за играње против тимот на Њукасл кој заврши 2:2, и кој можно е да биде клучен во целата кампања.

Самиот дуел беше одличен со мн голови, но сенка на истиот фрли еден домашен навивач со предзнак „идиот“ кој што си зема за право да влезе во теренот и да стигне до гостинскиот тренер Еди Хаиу. Вербално и физички да го нападне пред да реагира обезбедувањето.

Иако ништо посебно не му се случи на менаџерот на Њукасл, тој реално беше доста изненаден кога го виде навивачот до него, а тој пак веројатно последен пат влегол на стадион во Англија и гледал меч во живо. Несомнено го чека драконска казна, и забрана за следење фудбалски мечеви.

ПретходноКуманово ја доби драмата со Вардар за трет пехар во Купот на Македонија!
СледноСалернитана со гол во 90+2. ја победи Аталанта!