Челси само до бод против “шумарите“, Астон Вила го победи Тотенхем, триумф и на Јунајтед… (ВИДЕО)

123

Во попладневниот термин се одиграа пет средби од 36.коло во Премиерлигата.

Челси дојде само до бод против Нотингем Форест, ново разочарување за фановите на овој тим и тоа на свој терен. Крајниот резултат беше 2:2. Авониу му донесе водство на гостинот, сепак Челзи дојде до 2:1 со двата гола на Стерлинг, но затоа Авониу во 62.минута ги постави конечните 2:2.

Кристал Палас рутински дојде до трите бода и тоа против Бормнут со 2:0, со головите на Езе.

Астон Вила на свој терен со 2:1 го совлада Тотенхем и го продолжи трендот на добрите игри и резултати. Ремзи и Даглас Луис беа стрелците за Вила, додека Кејн од пенал во 90.минута само го ублажи поразот.

Манчестер Јунајтед со 2:0 на “Олд Трафорд“ славеше против Вулверхемптон и тоа со головите на Марсиал и Гарначо. Со овие три бода сега е на +4 во однос на Ливерпул во битката за ЛШ.

Саутемптон дома беше поразен од добриот Фулам со 0:2. Стрелци на головите беа Карлос Винициус и Митровиќ.

ПретходноБаерн го згази Шалке, новата титула е многу блиску… (ВИДЕО)
СледноОсасуна ја “скрши“ Алмерија…