Очигледно е дека Осасуна нема намера така лесно да се предаде од битката за Европа. Посебно не по денешниот триумфм и тоа убедлив против Алмерија со 3:1 на свој терен. Со овој пораз на гостите и “виси“ опстанокот во Ла Лига.
Будимир, Езалзоули и Гомез стрелаа за 3:0 до таа 81.минута, сепак гостите со голот на Лазаро во втората минута од судиското продолжение го ублажија поразот.