Шпанската репрезентација по автоголот на стартот на мечот, приреди целосен пресврт за водство од 2-1 против Хрватска во битката за четвртфиналето на ЕУРО.
По киксот на Унаи Симон, „фуријата“ израмни на 1-1 преку Сарабија. По ремито на полувремето, во 57. минута Аспиликуета стрелаше за водство од 2-1 по центаршутот на Торес. За шпанскиот фудбалер ова беше прв погодокот во дресот на својата репрезентација.
ФОТО: Челзи/твитер
César Azpilicueta’s first goal for Spain! Huge goal from Chelsea’s captain.#EURO2020 pic.twitter.com/qfcDvfb7Jq
— LDN (@LDNFootbalI) June 28, 2021