И ОФИЦИЈАЛНО: ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА 19 МАЈ ОД 19 ЧАСОТ!

23

Како што и беше најавено, од денеска и официјално се знае и сатницата на финалето во Купот на Македонија.  Да се потсетиме, Академија Пандев му е “домаќин“ на Силекс на ова финале кое ќе се одигра на 19 мај на Арената “Тодор Проески“ со почеток од 19 часот. Значи ќе се игра во вечерен термин и тоа за првпат по подолго време кога станува збор за домашниот фудбал во екот на пандемијата на Ковид-19. Дознаваме дека финалето како што е вообичаено ќе биде пренесувано на МРТВ.

Лани не се играше поради пандемијата, па тоа значи дека Академија Пандев, како освојувач од 2019 година ќе биде во улога на бранител на пехарот. Додека Силекс по 24 години одново е во големото финале.

Секако дека се очекува интересен меч, ако се знае дека тој ќе решава за тоа кој ќе биде третиот патник во квалификациите на новата Конференциска лига на УЕФА. Шкендија како првак ќе игра во квалификациите во ЛШ, Додека Шкупи и Македонија ЃП или Струга Трим Лум ќе ја претставуваат Македонија исто така во таа Конференциска лига.

ПретходноТодоров го победи Давитков во мак-дербито во Романија
СледноРакометарите добија тешка група, одново на мегдан со Данска!