Аргентинците продолжија со одличните игри во групната фаза на Копа Америка, тие во петото коло ја совладаа Боливија со 4-1. Гаучосите се лидери во својата група, место кое им носи пласман во нокаут фазата.
Во центарот на вниманието се најде Лионел Меси, мечот го заврши со два погодоци и една асистенција. Аргентина рано го отвори дуелот, токму ѕвездата на оваа репрезентација го пронајде Гомез, кој донесе водство од 1-0. Во 33. минута, судија досуди пенал, а Меси без проблем го реализираше за 2-0. Девет минути подоцна тој одново стрелаше, Агуеро испрати долга топка до Меси, кој го лобуваше голманот за 3-0.
Боливија во 60. минута успеа да намали на 3-1 преку Саведра, конечните 4-1 ги постави Мартинез.
Аргентина има 10 бода, Ургувај е втор со три бода помалку, Парагвај има шест, додека Боливија е на дното на табелата без ниту еден бод.
Barcelona fans? Here’s a taste of what Messi X Agüero can do for you together next season 🇦🇷pic.twitter.com/CX0rThQRHo
— 101 Great Goals (@101greatgoals) June 29, 2021